Зоки Фаци за скандалот со Жаре: „Чао сељачиња, некој ќе заврши во Идризово“

Kомпанијата „Еден на еден”, во сопственост на водителот Жарко Димитриевски, само во текот на оваа година добил околу 300.000 евра владини пари, открива порталот Експрес.

Жарко Димитриевски е познат по својата емисија „Еден на еден“.

Според владиниот портал за Јавни набавки, фирмата на Димитриевски „Еден на еден“ ДОЕЛ добила 9 тендери од различни институции во висина од 18 милиони денари или 300.000 евра.

Меѓу владините институции и компании кои му дале тендери на Димитриевски се и Генералниот секретаријат на владата кој го води кумашинот на премиерот Мухамед Зекири, Државна Лотарија и Министерство за финансии, но и Управата за јавни приходи.

Меѓу добиените тендери на неговата фирма има и такви со наслов „Набавка на услуги за двонасочна комуникација”.

Во популарното YouTube шоу на Лазаров, македонскиот водител познат како Зоки Фаци доби прашање какво мислење има за таа заработка од повеќе тендери на Жаре,

на кое тој одговори дека станува збор на перење пари, алудирајќи дека некој ќе „заврши“ во Идризово.

Извор: Позитиво.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде