Журка во викендица на Тиквешко езеро: Приведени 18 лица

Полиција затекнала млади на Тиквешко Езеро рано утрово за време на полициски час, ќе следи кривична пријава, потврдуваат за МИА од МВР.

„Утрово во 2:20 часот со претходно обезбедена наредба од Основен суд Кавадарци, полициски службеници влегле во викендица лоцирана на место викано Брушанска населба на Тиквешко езеро“ – соопштија од МВР.

Викендицата била во сопственост на 23 – годишно лице од Кавадарци. Таму биле затекнати четири лица, а по извршена проверка во близина на викендицата, пронајдени биле и легитимирани уште 14 лица меѓу кои и сопственикот на објектот.

Од МВР рекоа дека по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе следи кривична пријава по чл.206 од КЗ на РСМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде