Жозе Мурињо за прв пат во кариерата доживеа 10 порази во една сезона


Екипата на Тотенхем денеска беше поразена на свој терен од Манчестер Јунајтед со 3:1.

Ова е нов удар за екипата на Жозе Мурињо која се бори за пласман во ЛШ, а Спарси од коло во коло е се подалеку од борбата за место меѓу четирите најдобри екипи.

Поразот од Црвените ѓаволи за лондонскиот тим е вкупно 10. оваа сезона, а интересно е тоа што ова е прва сезона во која како менаџер Мурињо доживеа 10 порази во лигата.

Никогаш порано не му се случило да има толку порази, а само во Челси во сезоната 2015/16 имаше девет порази кои на крајот го чинеа отказ, бидејќи ги доживеа во 16 натпревари.

Навивачите на Спарси се погласно бараат заминување на Мурињо, но тоа скапо ќе ги чини, бидејќи сумата за отказ е околу 30 милиони фунти.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде