Жива музика и гости во угостителски објект за време на епидемија – кривична за гостиварец

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Б.(47) од с.Добридол, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.

На 05.04.2021 била извршена контрола во неговиот угостителски објект и било констатирано дека во објектот има жива музика и биле затекнати гости, со што постапил спротивно на одлуките на Владата за отворање и работа на угостителските објекти.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде