Жител од Гостивар присилно си ја омажил ќерката во Шутка- Неколку денови била чувана во затворена просторија и обљубена

На 21.04.2021 во 16.00 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.М.(26) и И.М.(46), постапувајќи по пријава од 10.35 часот од страна на 19-годишна девојка од Гостивар, според која откако нејзиниот татко, против нејзина согласност, ја омажил за Р.М. од Шуто Оризари, таму неколку дена била чувана затворена од нивна страна и врз неа била извршена обљуба. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде