Жена со две деца во рацете изгopeла пред вратата на автобусот

Жена со две деца во рацете изгоре пред вратата на автобусот, јавуваат бугарските медиуми.

Пред средната врата од автобусот има изгорено жена со две деца во рацете, најверојатно близнаци, јавува „24 часа“.

Инспекторите во моментов проверуваат за дополнително гориво бензин во автобусот, бидејќи дизелот тешко експлодира, а автобусот бил на дизел.

Еден од преживеаните патници на премиерот Зоран Заев му раскажал дека го разбудила голема експлозија.

Инаку засега е познато дека 45 лица живи изгореа во автобусот на автопатот Струма во два часот утринава, сите патници се од Македонија, а поголемиот дел од Скопје.

Пред местото на несреќата е пронајдено и парче гума, што најверојатно пукнала, по што возачот удрил во заштитната ограда.

Седумте преживеани од автобусот се спасиле откако го искршиле стаклото и излегле низ него.

Во меѓувреме, Телевизија Алсат објави за имињата на преживеаните патници од трагедијата во Бугарија, каде што животот го загубија 45 лица.

Список на преживеани лица:

Ш. Н.Салех 36 години

Медина Лутфи 25 години

Лулзим Сулејмани 26 годишен – државјанин на Србија

Ѓила Јашаровска 49 години

Минир Јашаровски 50 години

Ебиб Пајазитовски 49 години

Зулехја Јашаровска 16 години

Овие лица, како што е и претходно објавено, се xocпитализирани во Бугарија и се надвор од животна 0пacност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде