Портпаролот на британската полиција потврди дека Бел е обвинета за следење.
„Прекршоците се случија помеѓу јули и октомври 2021 година. Бројни писма беа испратени до семејството и беа предмет на многу несакани прогони дома и на училиште“, вели тој.
Имено, 58-годишната жена минатата година се појавила во училиштето во кое учи 10-годишната ќерка на Бекам, Харпер, за да ја запознае.
Шерон, наводно, се обидела да стапи во контакт со семејството Бекам уште во 2016 година, кога тврдела дека е мајка на едно од четирите деца на Дејвид Бекам.
Во моментов и` е забрането да биде на помалку од 500 метри од вилата на семејството Бекам во Оксфордшир и училиштето во кое учи Харпер .