Заврши гласањето во СДСМ, познат процентот на излезени членови

Денеска владејачката партија СДСМ одржа внатрепартиски избори на кои се гласаше ЗА или ПРОТИВ актуелниот претседател Зоран Заев.

Право на глас имаа 68.999 членови кои биле пријавени за гласање, а своето право го оствариле 60.780 членови, односно 87,66 проценти. 

Пребројувањето е во тек и наскоро ќе ја добиеме бројката колку гласале за, а колку против претседателот Заев.

Заев денеска гласаше во својата родна Струмица од каде порача дека овои избори се највисоко ниво на внатрепартиска демократија.

„Денес, за првпат во тридецениското постоење на плурализмот во Северна Македонија, токму членовите на СДСМ избираат претседател на директни, внатрепартиски избори.

Заедно испишуваме историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија.

Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната, модерна и европска партија – СДСМ.“ – напиша Заев на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде