Започнува масовната вакцинација: Во понеделник во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се вакцинираат околу 3000 луѓе

Од понеделник во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе започне масовното вакцинирање со „Спутник В“ и за тој ден се закажани првите 3000 термини.

Во оваа фаза ќе бидат имунизирани граѓаните од критичната инфраструктура – луѓе што работат, МВР, АРМ, новинари, служби од Град Скопје и сите што имаат контакти – возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработените на патарините…

Според планот, вакцинацијата со 20.000 руски вакцини „Спутник“ што ги донираше Србија, ќе се одвива на 48 пункта.

„Верувам дека системот добро ќе фунционира. Овде го реплицираме на многу поголем простор оној систем што го имавме во Модуларната болница каде се вакцинираа здравствените работници. Верувам дека граѓаните ќе имаат и желба и волја да се вакцинираат.. Со доаѓањето нови и поголеми количини вакцини овој месец, ќе се намалува се повеќе старосна граница“, изјави Филипче, кој е задоволен од досегашниот тек на процесот на вакцинација низ пунктовите во земјава. До вчера се вакцинирани 1300 граѓани.

За масовната вакцинација, во салата ќе бидат ангажирани и вработени во администрација од Министертство за здравство, здравствените домови, Институтот за јавне здравје…

Извор: Тв21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде