Заев на средбата со Гаши дојде со неговиот наследник!?

Во Клубот на пратениците штотуку почна средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на опозициската Алтернатива за можен влез на таа партија во Владата и окpyпнување на парламентарното мнозинство со плус четири пратеници.

Друштво на Заев му прави Димитар Ковачевски, заменик министер за финансии, додека придружба на Гаши е Беким Сали, член на претседателството на Алтернатива.

Почетокот на средбата се пролонгира за речиси половина час, бидејќи претходно на истата локација Заев имаше средба со претседателот на Полска, Дуда.

Очекувањата на СДСМ се дека по средбата Заев – Гаши, Владата ќе добие нов партнер и дека парламентарното мнозинство ќе брои 64 пратеници, сметајќи го и пратеникот на Беса Кастриот Реџепи.

Во престет на средбата, вчера и пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи изјави дека верува оти Алтернатива ќе биде дел од Владата и дека предност ќе дадат на евроинтеграциските процеси.

Она што е интересно е што на средбата со Заев присуствува и заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, кој претходните денови се споменуваше за можен наследник на Заев.

Во текот на вчерашниот ден ТВ21 пренесе дека на средбата со Гаши, Заев ќе го промовира и неговиот наследник. Дали токму Ковачевски е неговиот избор останува да видиме.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде