Замрзнат имотот на Груевски на Водно и два стана на Бихакќа

Новооткриените 3.000 метри квадратни плац на Водно и двата стана на екс премиерот Никола Груевски, се замрзнати со одлука на Основен кривичен суд, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК потпирајќи се на изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Јовески за порталот СДК.МК вели дека на хартија фигурираат други имиња, но дека Обвинителството изнело докази пред Судот дека становите се на Груевски.

Поминати се десетина дена од одлуката на судот, а засега никој не поднел жалба. Груевски од Унгарија негираше дека становите се негови, велејќи дека ги изнајмил под кирија. Обвинителите изнеле чудење зошто сопствениците не поднесуваат жалба.

На Водно не биле замрзнати сите нелегално купени плацеви на Груевски, туку само поскапите, кои од шума, биле трансформирани во градежно земјиште, со повеќекратно зголемена цена за метар квадратен.

Засега Обвинителство нема да ги чепка становите на мајка му Надежда, кои се веднаш до двата новооткриени. Нема да биде замрзнат ниту станот во Капиштец, додека тој во Аеродром бил продаден.

Груевски скоро две ипол години е избеган во Унгарија, каде ужива политички азил и е надвор од сите истраги и судски процеси против него и против најблиските поранешни соработници, кои како помагачи, добар дел од нив судот ги притвори на барање на Обвинителството.

Целиот текст прочитајте го тука.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде