Захариева за видеото на Џамбаски: Тоа не е официјален став на Бугарија

Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева реагираше на протестната нота која македонското МНР ја испрати до официјална Софија.

„По повод протестната нота добиена од Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија во врска со предизборното видео на европратеникот Ангел Џамбаски, МНР сака да посочи оти смета дека тој е несоодветен.

Потенцираме дека пораките изразени во видеото не го изразуваат официјалниот став на бугарската влада. Бугарија нема територијални претензии кон други земји и тоа постојано го декларираше.

Забележуваме и дека ова видео од бугарски политичар доаѓа и по тридневниот молк на Владата на РСМ која ја повикуваме да се огради од клеветничките публикации на словенечката невладина организација ИФИМЕС.“ – рече Захариева.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде