Захариева: Сеуште немаме објаснување од Македонија околу забраната за бугарските книги

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева денеска оствари средба со Виктор Стојанов кој што беше запрен на граница со бугарски книги наменети за Бугарскиот културен центар во Скопје.

„Разговарав со Виктор Стојанов за неговата иницијатива за испраќање на бугарските книги во Република Северна Македонија. Нашата амабсада во Скопје ќе ги направи сите постапки за да може овие книги да бидат дозволени во нашиот југозападен сосед.

Уште немаме објаснување од РСМ и зошто треба да имаме дозволи за по димпломатски пат да извеземе бугарски книги“, напиша Захариева на својот Фејсбук профил.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде