Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева смета дека нејзиниот став за Скопје, нема никаква врска со изборите.
„Имаме Договор од 2017 година што не се спроведува, рамковна позиција на Владата и едногласно усвоена декларација од Парламентот.
Во Република Северна Македонија го знаат мислењето на сите бугарски партии и народот – 83,8 отсто од граѓаните не се согласуваат да ја поддржат Pепублика Северна Македонија за членство во ЕУ се додека не се постигне договор за фактите за историското минато на Бугарија,“ рече Захариева.