Заев за Рашковски: Ова е уште еден доказ дека нема недопирливи

Премиерот Зоран Заев го коментираше случајот околу приведувањето на Драги Рашковски, кој утрово беше однесен на распит во Кривичен суд.

„Тоа е уште еден доказ дека нема недопирливи. Дека некој што бил секрететар на владата, и бил во мојот кабинет, законот важи еднакво за сите.

Институциите си ја вршат својата работа. Нема недопирливи ниту од власта, ниту од опозицијата. Треба да остане дека никој не е виновен, се додека не се покаже спротивното.

Генерланиот секретар Мухамед Зекири ја доставил целата документација до ЈО. Уште еднаш ќе кажам дека законот мора да важи подеднакво за сите“, рече Заев.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде