Премерот Зоран Заев останува на ставот дека пописот не треба да се одложи затоа што податоците што ќе се добијат се исклучително важни за државата.
„Учеството во него е патриотски чин. Леснотијата да се пропагира и да се бојкотира пописот не е ни малку патриотски чин. Пописот е неопходен и е вистински патриотски чин.
Од што се плашиме, што е вистината која ќе ја добиеме сите, кои сме колку члени смемејства имаме, какви сме по етничка определба, каде живееме, колку во главниот град, колку во внатрешноста од тоа ли се плашиме“, рече Заев.