Заев телефонски разговарал со Борисов, еве ги деталите

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека имал телефонски разговор со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, кој му го честитал реизборот за лидер во СДСМ.

„Денеска имав телефонски разговор со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.

Му се заблагодарив за честитките што тој ги искажа за мојот реизбор за претседател на СДСМ и му посакав успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија и просперитет на бугарскиот народ.

Се согласивме дека одговорите на прашањата што се отворија меѓу нашите две земји се содржат во Договорот за добрососедство и пријателство.

Заеднички споделивме дека поскоро треба да дојдеме до решенијата кои ќе поттикнат унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и дека во минатото на нашите две земји има основа на која треба да ја градиме нашата заедничка иднина во ЕУ.“ – напиша Заев на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде