Заев се огласи за напуштањето на Шекеринска од потпретседателската функција во партијата

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев денеска на прес конференција истакна дека Радмила Шекеринска не поднела оставка од партијата.

„Шекеринска не поднесе оставка од позицијата заменик претседател на СДСМ, таа најави дека нема намера да се кандидира за трет мандат.

Нејзината одлука ја почитувам, таа е заслужна за влезот на нашата земја во НАТО и за многу важни процеси во државата. Таа е мој другар, другарка и без разлика каде ќе се најде во општеството или во СДСМ.

Јас и Радмила и огромен процент од нашето членство се договориме дека треба да го обновиме раководството и да се даде шанса на нови луѓе“, рече Заев.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде