Заев: Прифаќам тет-а-тет средба со Мицкоски

Премиерот Зоран Заев одговори на барањето од лидерот на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за тет-а-тет средба.

Заев на прашањето од ТВ21 дали прифаќа средба одговорил: „Секако да, прифаќам.“

Претходно, Мицкоски во гостувањето на Сител го повика Заев на тет-а-тет средба и да разговараат за сите теми.

„Стојам на располагање, ќе го прилагодам моето време, така како што нему му одговара, да разговараме за сите проблеми кои се од животно значење за граѓаните, од кризата со пандемијата до работата на Парламентот, за што е денеска отворено, а не решено.

Зборувам за тет-а-тет средба како двајца претседатели на двете најголеми политички партии кои имаат повеќе од две третини пратеници во рамките на Парламентот.

Го повикувам, се надевам дека нема да бидам погрешно сфатен од страна на останатите политички лидери, бидејќи целта ми е навистина искрена. Целта е да се постигне консензус меѓу двете најголеми политички партии.“- рече Мицкоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде