Заев: Поефтино беше да летаме отколку да се возиме до Прилеп

Јавноста во Македонија реагираше на информацијата дека премиерот Заев заедно со министрите Филипче и Шахпаска летале со хеликоптер на релација Скопје – Прилеп и обратно.

Заев во вечерашното интервју на Канал 5 рече дека поефтино било да се лета со хеликоптер отколку да се возат до Прилеп.

„Видов дека граѓаните реагираа. Пилотот и леталото мора да летаат макар и празни, часовите мора да ги исполнат. Јас не бев приватно во Прилеп, бев службено. Хеликоптерот троши помалку од Заев и две коли кои го следат. Ја исполнив мојата агенда. Леталото и пилотот мора да ги исполнат часовите. На времето Груевски одеше приватно до Грчка со хеликоптери. Јас давам секогаш одговори. Никој не ме прашува дали сакам, можеби ми е страв. Трет или четврти пат го користам хеликоптерот за службени потреби.“ – рече Заев.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде