Заев објави дека се слушнал со Радев – еве што му порачал

По вториот круг од претседателските избори во Бугарија, актуелниот шеф на државата Румен Радев е реизбран за претседател со двојно повеќе гласови од неговиот противкандидат Анастас Герџиков, покажуваат излезните анкети.

Радев  како независен кандидат беше поддржан од БСП, „Продолжуваме со промената“ на двајцата поранешни привремени министри Кирил Петков и Асен Василев и партијата на ТВ водителот Слави Трифонов „Има таков народ“, додека професорот Анастас Герџиков беше поддржан од коалицијата ГЕРБ-СДС, предводена од поранешниот премиер Борисов.  Претходно, во текот на денот Радев го повика народот на целосна мобилизација.

„Одговорноста кон Бугарија е одговорност кон нашите сопствени животи. Сами да си ја одредиме нашата судбина и нашата иднина, а не да им даваме шанса на другите да одлучуваат место нас. Денеска е ден на избори и сите политички коментари се непримерни.“ – изјави Радев. 

Можам да им честитам на победниците Румен Радев и Илијана Јотова. Се надеваме дека во следните 5 години ќе се остварат нивните ветувања, а не моите предвидувања, изјави Анастас Герџиков во првиот коментар по вториот круг од претседателските избори. 

„Целиот државен апарат работел за изборната кампања на Румен Радев. Министерствата постапија во негова корист, министерот за внатрешни работи не само што се занимаваше со тоа, туку беше и портпарол на изборниот штаб на актуелниот претседател.“ – изјави Анастас Герџиков кандидат за претседател.

Премиерот Зоран Заев предмалку објави дека се слушнале со Радев и му ја честитал победата:

„Во телефонскиот разговор што го имав со Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, му ја честитав победата на претседателските избори и посакав добробит за нашиот сосед и за целиот бугарски народ.

Се согласивме дека Бугарија и Северна Македонија ќе продолжат низ дијалог и меѓусебно разбирање да бараат решенија во име на заедничката европска иднина.“, напиша Заев на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде