Заев: Нема предвремени парламентарни заедно со локалните

Премиерот Зоран Заев вечерва гостуваше во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Заев во интервуто кажа дека нема да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните наесен.

Тоа доаѓа контра на ставот на Мицкоски, кој синоќа во интервју на ТВ21 рече дека можно е да има предвремени парламентарни заедно со локалните.

„Во 2019 година дадов оставка токму поради опозицијата, сега нема да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори.“ – рече Заев.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде