Заев најави: Српските туристи летово во Македонија ќе патуваат без патарини

Премиерот Зоран Заев вечерва гостуваше во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Заев во интервуто кажа дека во владата е размислува граѓаните на Србија кои летово ќе влегуваат во нашата земја, да бидат ослободени од плаќања на патарини, како чин на благодарност поради вакцините кои Србија и ги донираше на земјава.

„Размислуваме летово сите со српски таблички кои ќе влезат кај нас, да добијат некое картонче со кое ќе бидат ослободени од патарини на територијата на целата земја. Тоа би било чин на благодарност за вакцините кои пријателска Србија ги даде за Северна Македонија“, рече Заев.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде