Заев најави нови вакцини како помош од ЕУ

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека разговарал со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен која му известила дека Македонија ќе добие вакцини со донација од ЕУ.

Во телефонски разговор со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен разговаравме за соработката меѓу Европската Унија и земјите од Западен Балкан во овие услови на здравствена криза.

Претседателката ме извести дека ЕУ обезбедува 651.000 дози вакцини за заштита од КОВИД-19 како директна помош за граѓаните на земјите од Западен Балкан, а соодветен дел од нив согласно бројот на жители во текот на април ќе пристигнат и во Северна Македонија.

Заеднички констатиравме дека европската соработка и солидарност мора да бидат на прво место во услови на глобална пандемија и загрозено јавно здравје и ја потврдивме обостраната силна заложба за забрзана интеграција на регионот кон Унијата.”, напиша Заев на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде