Премиерот Зоран Заев за телевизија Телма изјави дека на лидерската средба е можен договор за одложување на пописот.
„Можен е договор на лидерската за одложување на пописот“, рече Заев за Телма.
Да потсетиме, денеска е закажана средба на лидерите на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ Заев и Мицкоски која ќе се одржи во Клубот на пратеници.
На средбата уште ќе се разговара и за пандемијата, вакцинирањето, а ќе се отворат и прашањата за влада и измени на Изборниот законик околу набавката на апарати за отисок на прст за гласање.