Заев на уникатен начин се прости од Зафир Хаџиманов

Објавувајќи ја песната „Љуби ме и главата горе“, премиерот Зоран Заев се прости од македонскиот пејач Зафир Хаџиманов, кој почина денеска како последица од коронавирусот.

„Со длабока тага ја примив веста за смртта на Зафир Хаџиманов.Замина голем човек на кој сцена му беше целиот негов живот. Како музичар и естраден уметник, како филмски глумец и шоумен остави песни за паметење и оживотвори впечатливи ликови на филмското платно.

Годините не го запреа за да ги растегнува своите граници како уметник кој експериментираше со мултимедијални дела, со поезија и прозни записи.

Во нашите срца и сеќавања засекогаш ќе останат неговиот ведар лик и дух кој инспирираше и радуваше.

Замина, а зад него остана ехото на стиховите:

Многу дни пребродивме ние
како чун на немирно море
насмеј се на ветрот што бие
љуби ме и главата горе,
насмеј се на ветрот што бие
љуби ме и главата горе.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде