Заев: На добар пат сме, пред две и пол недели имавме 1.520 заразени на ден, а сега 640

Заев одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на фотонапонска централа во Тетово, Општина Брвеница ја искоментира одлуката за рестриктивни мерки околу Ковид-19.

„Пред две и пол недели кога донесовме одлука да ги затвориме угостителските објекти и полицискиот час да биде од 20 часот бројките на новозаболени беа 1.520, 1.480. Веќе после една недела паднаа на 1200, 1100, сега се 800, 750, 640, значи даваат ефект мерките, секако недоволен. Треба да продолжиме да ги почитуваме мерките“, рече Заев.

Конечна цел, додаде Заев, е реално да ги пречекаме празниците во семејна атмосфера со помалку болни граѓани, помалку загубени човечки животи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде