Заев: Груевски го користеше хеликоптерот и приватно, па никој не гукна

Јавноста во Македонија реагираше на информацијата дека премиерот Заев заедно со министрите Филипче и Шахпаска летале со хеликоптер на релација Скопје – Прилеп и обратно.

Заев во вечерашното интервју на Канал 5 рече дека поефтино било да се лета со хеликоптер отколку да се возат до Прилеп и дека Груевски го користил приватно, а никој тогаш не реагирал.

„На времето Груевски одеше приватно до Грчка со хеликоптери, па беше мк. Јас давам секогаш одговори. Никој не ме прашува дали сакам, можеби ми е страв. Трет или четврти пат го користам хеликоптерот за службени потреби.“ – рече Заев.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде