Заев го кажа мислењето за оние кои викендов заминаа да се вакцинираат во Србија

Непријатно е чувството, исто како што реагираат граѓаните на социјалните мрежи, но немаме против како Влада, државјаните да одат да се вакцинираaт во друга земја“, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира одлуката на многу наши граѓани да заминат на вакцинација во Србија.

Тој ја поздравува одлуката на пријателска Србија да помогне во имунизацијата и потенцира дека вакцините не треба да се фрлаат.

„Направивме се за да набавиме вакцини и затоа ќе имаме повеќе од планираното“, истакна Заев.

Во текот на викендов поголем број македонски граѓани се вакцинираа во Србија. Во саботата во Ниш започна и вакцинирањето на бизнисмените од регионов како резултат на договорот меѓу стопанските комори.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде