Заев доби нов мандат за лидер на СДСМ

Денеска во СДСМ се одржаа внатрепартиски избори за лидер на партија, а од пријавените 68.999 членови гласале околу 90 отсто.

Како што предмалку информираа од Централната изборна комисија, врз основа на досега преброените ливчиња од 227 од вкупно 237 избирачки места, за Заев гласале 59.240 членови, 865 биле против, а имало 277 неважечки ливчиња.

Околу 22 часот е најавена и прес-конверенција на старо-новиот лидер на СДСМ, Зоран Заев.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде