АМСМ известува дека на регионалниот пат Маврово – Дебар е воведена забрана за тешки товарни возила.
Забраната започнува од 10:15 часот и ќе важи се додека не се расчисти ситуацијата.
„Од 10:15часот поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово –
Дебар.“ – соопштија од АМСМ.
Претходно беше донесена одлука за задолжителна зимска опрема на превојот Пресека меѓу Охрид и Кичево.