Втор пат оваа недела се зголемува цената на горивата – еве за колку

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 05.04.2021 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 05.04.2021 година.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 13,50 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, не се променува и истата останува на исто ниво.

Од 8.4.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 67,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 58,00 (денари/литар)

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги изврши измена на Одлуката од 5.04.2021 година со која се утврдени највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт согласно измените на Законот за акцизите што го донесе Собранието на Република Северна Македонија.

„Одлуката доаѓа откако Собранието на РСМ ги изгласа измените на Законот за акцизите. РКЕ практично изврши усогласување на одлуката со законот што е на сила и сега малопродажната цена на екстра лесното масло за горење е изедначена со дизел горивото. Цените на нафтените деривати се прилагодени согласно новите износи на акцизи“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде