Временска прогноза: Променливо облачен четврток со сончеви периоди

Денес, четврток, 15 април, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините во северозападните делови повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 14 степени. Маврово 6, Охрид 12, Битола 14, Крива Паланка 11, Берово 10, Кавадарци 15, Дојран 17.

Од утре попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, со променлив интензитет. Во понеделник се очекуваат обилни врнежи на повеќе места.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде