Возило удрило во ѕид пред бензинска пумпа кај Делчево

Возило Алфа-Ромео удри во ѕид пред бензинска пумпа на магистралата А3 на влезот во Делчево.

Увид на местото на несреќата врши екипа од сообраќајната полиција во Делчево. Оттаму информираат дека возилото удрило во дел од ѕид пред бензинската, а притоа зафатило и лимен банер кој стоел во близина на местото.

Од полицијата додадоа дека настанот се случил околу 18:15 часот, а дополнителни информации за причината за несреќата најавија во текот на вечерта.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде