Вонредни вести: Оливер Спасовски поднесе оставка!

Оливер Спасовски утрово до партијата поднесе оставка.

Пред неколку дена, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, Спасовски посочи дека не треба да биде дел од новиот тим на СДСМ, односно дека новиот претседател на партијата, Димитар Ковачевски треба да избере нови лица.

„На новиот претседател треба да му се даде можноста како што ја превзема одговорноста да биде лидер на партијата, да му се даде полно право во изборот на неговиот тим.

Тој избор треба да го направи од нови луѓе, и затоа сметам дека не треба да бидам дел од новиот тим, се со цел да не го обременуваме ниту претседателот ниту новиот тим“, порача Спасовски.

Засега е незивесно дали Спасовски ќе остане во новата Влада која ќе ја формира Димитар Ковачевски.

Седница на Централниот одбор на СДСМ ќе се одржи вечер со  почетокот во 19 часот во седиштето на партијата.Како што информираат од прес-службата на СДСМ, седниците на Централниот одбор се работни. З

а заклучоците и одлуките на ЦО, ќе информираат по завршување на седницата за што медиумите ќе бидат дополнително информирани.

Се очекува на Централниот одбор на СДСМ новиот лидер на партијата Димитар Ковачевски и официјално да биде потврден како кандидат за нов премиер.

На седницата на ЦО треба да се гласа и за избор на нови потпретседатели, генерален секретар и Извршен одбор на СДСМ, но не и за министерските функции во новиот владин кабинет.

Седницата ќе се одржи со обезбедување на соодветни услови согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид – 19, додаваат од партијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде