Во живо: Обраќање на старо-новиот лидер на СДСМ, Заев

Зоран Заев е старо-нов лидер во СДСМ, откако денеска на внатрепартиски избори директно од членството беше избран да ја води партијата во следните четири години.

Како што предмалку информираа од Централната изборна комисија, врз основа на досега преброените ливчиња од 227 од вкупно 237 избирачки места, за Заев гласале 59.240 членови, 865 биле против, а имало 277 неважечки ливчиња.

Следете го во живо обраќањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев:

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде