Во Русија го признале голот на Роналдо против Србија

Фудбалска Европа и натаму зборува за дуелот помеѓу Србија и Португалија, односно за ситуацијата во финишот кога на Роналдо не му беше признат чист погодок.

Но, ако ја прашате една московска обложувалница, Роналдо постигнал погодок и Португалија победила.

Да, добро прочитавте. Една руска обложувалница одлучи на сите оние кои играле дека Португалија ќе победи да им ја признаат добивката.

Исто така, го признале погодокот на Португалецот во овој натпревар.

Така европските прваци барем некаде дојдоа до победа во Белград, но тоа секако е мала утеха за Роналдо, кој со сигурност и натаму не може да се помири со судбината.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде