Во пресрет на новата Влада, партијата на Павле Трајанов со четири барања

Од ззавршувањето на локалните избори и најавената оставка од премиерот Зоран Заев, траат комбинаториките за ново парламентано мнозинство, овој пат составено од владеачките партии, бидејќи опозициската иницијатива минатиот четврток пропадна.

Од ззавршувањето на локалните избори и најавената оставка од премиерот Зоран Заев, траат комбинаториките за ново парламентано мнозинство, овој пат составено од владеачките партии, бидејќи опозициската иницијатива минатиот четврток пропадна.

-Сега сме 12 политички партии што претходно сме соработувале со ВМРО-ДПМНЕ, а сега сме со СДСМ. Како што се движат процесите, мислам дека дел од овие сега многу брзо ќе се престројат и ќе одат на друга страна, рече Трајанов во своето гостување во емисијата „Само вистина“, пред неколку денови.

Во пресрет на најавите за нова Влада и зголемување на парламентарното мнозинство, чиј дек е и Демократски сојуз, партијата на Павле Трајанов, од таму вчера со соопштение ги кажаа нивните приоритети.

-Во пресрет на избор на стара-нова Влада, Демократскиот сојуз укажува на потребата од радикални промени во поставеноста, дејствувањето и приоритетите.

Во оваа насока освен реформите сврзани со евроинтеграциските процеси, Демократскиот сојуз инсистира и на:

Прво, робусна борба против орг анизи раниот кpиминал и високата коpупција, преку системски промени и формирање на Агенција за борба против кpиманалот, со висок степен на самостојност и посебни права и овластувања (ФБИ).

Второ, испорачување на правдата преку законска можност за фер судење за монтираните судски процеси (Нема правда, Нема мир).

Трето, реформа на судскиот и правниот систем во целина, преку ревизија на работата на секој судија, обвинител и припадник на МВР, департизација на службите за безбедност и администрацијата.

Четврто, коренити реформи на изборните правила, укинување на системскиот монопол на четирите партии и Македонија да биде една изборна единица.

Само со конкретни и радикалнии чекори можат да се придвижат процесите во позитивна насока и да се отворат перспективи за развој на државата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде