Премиерот Зоран Заев ја потврди информацијата дека еден од осудените за случајот „Монструм“, Агим Исмаиловиќ е уапсен во Косово.
„Синоќа доцна навечер, министерот за внатрешни работи ме информираше дека еден од осудените во случајот ‘Монструм’ е уапсен на Косово. Веднаш побаравме екстрадиција, започната е постапка од поодамна за овој случај.
Искрено очекувам дека косовските власти, иако се нови, ќе ги потврдат нашите меѓусебни договори и ќе го почитуваат правото и ќе го испорачаат обвинетиот“ – рече Заев.