Во 2004 го прогласија за мртов, еве каде го најдоа жив после 17 години

Полицаецот Абрип Асеп бил на должност кога цунамито во Индискиот Океан ја погоди Индонезија на 26 декември 2004 година. Неговото семејство било скршено од болка, бидејќи мислеле дека Асеп е меѓу повеќе од 230.000 луѓе кои починаа кога бранови повисоки од 30 метри ја зафатија Југоисточна Азија.

Но, тој по речиси две децении е пронајден жив и повторно е со своето семејство, објавија локалните медиуми. За сето ова време тој бил во психијатриска болница во провинцијата Ацех. Таму стигнал поради траумата што ја доживеал за време на цунамито. Семејството тогаш го пријавило неговото исчезнување и подоцна бил прогласен за мртов.

Шокантното откритие дека тој е сè уште жив се случило минатата недела. Потоа на социјалните мрежи започнале да кружат фотографии со семејни пораки.

– Не можев да верувам, немаше новости скоро 17 години. Мислевме дека е мртов, немавме поим дека е сè уште жив, изјавил еден член на неговото семејство.

Полицијата потврдила дека мажот пронајден во психијатриската болница е Абрип. Сè уште не е познато зошто семејството не било известено за сето тоа време дека тој е во болницата, пишува Дејли меил.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде