Заев и Филипче ниту тестираа, ниту вакцинираат, народот е оставен сам на себе, наместо во сопствената држава се вакцинира во соседството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од почетокот на пандемијата до денес по неколку дена се чека за тестирање. Често додека да се тестира човек тој веќе е во понапредна фаза на заразата.
Болниците се преполни, а менаџментот не ефикасен. Видовме слики од болници, каде болни лежат до мртви, а други пациенти примаат инфузија во болнички двор.
Сега кога цел регион и цел свет се вакцинира, власта има купено само 3000 вакцини, се друго до сега е донација. Најавите за големи количини на вакцини уште остануваат само најави.
Земјите од соседството веќе имаат и по скоро 50% од населението вакцинирано, Заев и Филипче и докторите ги вакцинираа со донации.
Власта потфрли во целост, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.