ВМРО-ДПМНЕ: Со Филипче на чело на Министерство за здравство гробиштата се полни, а парковите празни

Со Филипче на чело на Министерство за здравство гробиштата се полни, а парковите празни. Власта потфрли на секое поле, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За два дена имаме 100 починати од КОВИД-19. Секој час умираат по двајца наши сограѓани. Македонија пати како да е во војна, а Заев и Филипче се однесуваат расипнички, возат мотори и летаат со хеликоптери на државна сметка.

Парковите се празни. Народот е уплашен. Власта потфрли и не успеа да набави вакцини, но затоа гробиштата секој ден се полнат.

Сите починати од 1 јануари до денес одат на совеста на Заев и Филипче, кои не набавија вакцини.

Пандемијата спласнува во земјите каде вакцинацијата е во напредна фаза, а кај нас секој ден е нов пик, а вакцини нема.

Имаме повеќе вакцини од донации, отколки купени. Македонија со Заев и Филипче страда, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде