ВМРО-ДПМНЕ повикува на протест пред МЗ, ќе се бара оставка од Филипче

Градски комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните да излезат на протест пред Министерството за здравство во сабота во 11:30 часот.

„Протест против срамот и неспособноста на Заев и Филипче! Оставка Филипче! Зоран Заев и Венко Филипче се причината за големиот беој на заразени и починати од КОВИД 19 од 1 јануари до денес. Заев и Филипче не обезбедија вакцини. Наместо вакцини, Заев и Филипче тргнаа по провизии. До толку се криминогени, што и од вакцини сакаат да земат провизија. И додека тие се мислат како да профитираат, Србија и земјите од соседството се лидери по имунизација.Условите се толку лоши што пациенти лежат до починати лица, други примаат инфузија во двор на болница, а трети не можат да дојдат на ред да влезат. Со Заев и Филипче Македонија ја проголта срам. Сабота 11.30 часот пред министерството за здравство,“ се вели во повикот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде