ВМРО-ДПМНЕ: Изнудената оставка на Рашковски пропратена со арогантен напад на јавноста не е преземање на одговорност

Изнудената оставка на Рашковски пропратена со арогантен напад на јавноста не е преземање на одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Драги Рашковски има и тоа колку многу причини да одговара, почнувајќи од скандалот Леонардо, преку САРХЕМС, па до најновиот скандал со набавката на софтверот на МВР, но и за непријавениот имот, џип и хациенда.

Но ако мислат Рашковски и неговиот шеф Зоран Заев дека со оставката ќе ги покријат милионските скандали, се лажат.

Зоран Заев очигледно сака своите соработници кои се до гуша заглавени во криминали и корупција да ги спасува само со оставки.

Така беше случајот со ден Дончев и Лидија Димова, така е и сега со случајот на Драги Рашковски.

Овие милионски скандали не се покриваат со оставка, потребана е одговорност и судска разврска, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде