ВМРО-ДПМНЕ: Денешните избори во СДСМ се севернокорејска демократија

Интегрален текст од изјава за медиуми на Валентин Манасиевски

Почитувани,Со денешните избори во СДСМ севернокорејската демократија се повеќе и повеќе продира во Македонија. Кој сака, нека честита.

Никој во СДСМ не смееше да се спротивстави на единствениот кандидат на изборите, Зоран Заев. Затоа 69-те илјади гласачи на СДСМ денес на гласачкото ливче имаат едно име кое мора да го заокружат. Ако не го заокружат, веројатно им следи службена белешка од партиското обвинителство и суд и престој на современиот Голи Оток.

Како во најдобрите времиња на комунизмот и тоталитаризмот, партијата која се нарекува демократска одржува избори на кои се гласа за само еден кандидат.

Онака како што СДСМ ја гледа демократијата во својата партија, така ја гледа и во државата. Затоа не ја води Македонија кон ЕУ, туку ја води кон Северна Кореја.

*Зоран Заев денес не само што е единствениот кандидат и единствениот претседател, веројатно е и единствениот потпретседател, генерален секретар, и веројатно единствен домар во седиштето на Социјал демократскиот сојуз на севернокорејска Македонија.

*По ист принцип Зоран Заев ја води и Владата на Република Македонија. Не само што е премиер, туку е и нагазувач на судството, креатор на хаосот во финансиите, координатор на партизираните органи на државата, веројатно координатор и на посредниците во набавката на вакцините и воедно единствен и главен виновник за состојбата во која се наоѓа државата денес.

На гласачите кои на ливчето имаат да бираат меѓу Зоран и помеѓу Заев им честитаме за поддршката на севернокорејската диктатура и режимот кој веќе не е ниту хибриден.Им порачуваме дека вакви избори со еден кандидат недемократите од СДСМ може да си одржуваат на секои 2-3 недели и да си го бираат Заев, но наскоро ќе дојде денот кога ќе мора да се соочат со вистинската волја на граѓаните и поразот на катастрофалните политики на нивниот црпнат диктатор.

Како симбол на обидот за воведување севернокорејска диктатура во Македонија, пред владата го оставаме ова уметничко дело наречено „Споменик на лудилото“, кое треба да ги потсети и сите кои денес го гласаат единствениот кандидат, но и сите кои некогаш му верувале на овој човек, за каков човек се работи и какви вредности промовира и пропагира.

Севернокорејска диктатура во Македонија, никогаш повеќе, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде