ВМРО-ДПМНЕ: Аферата „Мафија“ покажува дека Заев и Спасовски се главата на криминалниот нарко картел

„Само криминалци овозможуваат заштита на криминалци. Таков е случајот и со Зоран Заев и Оливер Спасовски. Тие направиле од државата Колумбија на Балканот. Овозможиле пасоши на српско – црногорска мафија, албанската, турската и италијанската мафија. И денес Заев и Спасовски овозможуваат заштита на криминалците зошто никој не ги бара и гони за кривично дело.

Мрежата на Седат Пекер во Турција се апси, а во Македонија истиот тој шета со заштита од полицијата. Тоа е така зошто Заев е на чело на тој криминален октопод.

Аферата „Мафија“ покажува дека Заев и Спасовски се главата на криминалниот нарко картел исповрзан со мафиите од регионот.

Што се однесува до Пустец токму МВР на Спасовски е тоа кое на познати криминалци крадело идентитети на граѓани од Пустец за да ја спаси мафијата“ – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде