Владата донесе одлука за ПЦР тест пред секој натпревар

Денес владата соопшти нови мерки, а некои од нив се поврзани и со спортот.

Влатата донесе одлука со која наложи да се прави задожителен ПЦР тест за Ковид -19 пред секој натпревар. Oва секако може да биде голем товар за клубовите.

Фудбалската федерација на Македонија одлучи да ги покрие финансиски сите ПЦР тестови за екипите од Првата и од Втората фудбалска лига за тестирањата за претстојното коло овој викенд.

Проблем е со федерации со помала финансиска моќ од фудбалската, а клубовите сами веројатно нема да можат да издржат, па може да се очекуваат прекини во некои натпреварувања.

Фото: Шкендија


Извор Sportski.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде