(Видео) Започна демонтирањето на галијата кај „Холидеј ин“

Градот Скопје денеска официјално почна со демонтажа на првата од трите галии кои се наоѓаат во коритото на реката Вардар. Поточно, се демонтира галијата кај хотелот „Холидеј Ин“, и тоа од страна на ЈП „Улици и патишта“.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција рече дека станува збор за целосно демонтирање, вадење прво на надвижните ствари кои се наоѓаат внатре, а потоа целосна демонтажа на самата галија, која како постапка, Шилегов очекува дека ќе трае неколку недели.

Изјавата на градоначалникот Шилегов можете да ја погледнете ОВДЕ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде