(Видео) Воз излета од шините во Тајван – најмалку 36 загинати и над 70 повредени

Најмалку 36 лица загинаа, а повеќе од 72 се повредени откако воз излета од шините денеска во тунел во источен Тајван, соопштија властите.

Возот кој патувал за Тајдун излетал од шините откако удрил во камион и дел од вагоните удриле во ѕидот на тунелот, се вели во соопштението на Тајванската противпожарна служба.

Несреќата се случила во тунел северно од градот Хуалјан. Околу 60 лица повредени во шините се пренесени во болница.

Ова е најголема железничка несреќа во Тајван во повеќе од три децении.

Извор: ТВ21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде