Видео: Во Мелбурн ечи „Навали се Шар Планина“

Подржувачите на Новак Ѓоковиќ продолжуваат да пpoтестираат на неколку часа пред почеток на судењето во Мелбурн на кое треба да се реши дали Новак Ѓоковиќ ќе добие дозвола за влез во Австралија, или најдобриот тенисер во светот ќе биде депopтиран.

На пpoтестите доминираат српските симболи и песни, но откако вчера беа забележани македонски знамиња денес пред хотелот во кој е сместен Ѓоковиќ ечи Навали се Шар Планина.

Инаку, Австралиската влада го објави одговорот на жалбата на Новак Ѓоковиќ, тој е на 13 страници, а две точки предизвикаа големи реакции во јавноста. 

Ѓоковиќ доби медицинско изземање од задолжителната вакцинација за сите учесници на тенискиот турнир кој започнува на 17-ти Јануари.

Неговите адвокати вчера поднесоа документ на 35 страници со кој тврдат дека тој ги исполнува критериумите за изземање од задолжителната вакцинација заради скорешната инфекцијата со Ковид-19, потврдена со позитивен тест од 16-ти Декември.

Во одговорот на Австралиската влада објавен на 13 страници, најважна е заканата дека дури и судот да донесе одлука да го ослободи Ѓоковиќ од притвор, тие имаат право повторно да го приведат и дека судската одлука не е никава гаранција дека Австралија нема повторно да го приведе најдобриот светски тенисер.

На Ѓоковиќ му беше одбиен влезот во Австралија откако минатата недела слета во Мелбурн, каде требаше да ја брани титулата на Австралија Опен.

По речиси 10-часовното задржување на царината, Ѓоковиќ беше пренесен во имиграциски притвор. а неговиот адвокатски тим ја подготвуваше жабата на одлуката на австралиската влада.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде